Талески подобар од Митревски: Бенфика по две години го совлада Порто

Португалското ракометно дерби помеѓу Бенфика и Порто кое го одбележаа и македонските репрезентативци Филип Талески од едната и Никола Митревски од другата страна заврши со победа на домаќинот од 28-27.

Најголемиот дел од натпреварот помина во изедначено темпо, а до победа домаќините стигнаа благодарение на добрите минути при самиот финиш кога стигнаа до предност од 25-21. Сепак не следеше мирна завршница, Порто успеа да се врати во натпреварот, а имаше и напад за изедначување, но обидот на Руи Силва прво заврши во блокот, а потоа одбрана забележа и голманот на Бенфика.

Во првата победа за Бенфика по две години над Порто, Филип Талевски постигна еден гол.

Се вчитува...