Турскиот репрезентативец Тарик Биберовиќ е нов играч на Далас Маверикс, објави франшизата од Тексас. Поранешниот играч на Фенербахче реши да се испроба во најсилната лига во светот.
Далас неодамна ги доби правата за драфт од Мемфис, дозволувајќи му на Биберовиќ да се пресели во НБА, а Маверикс го објавија доаѓањето на турскиот ас на социјалните мрежи.
Играчот роден во Зеница се приклучи на Фенербахче во 2018 година како 17-годишник, доаѓајќи од ОКК Спарс Сараево.
Во дресот на Фенербахче, тој го освои трофејот во Евролигата во 2025 година, четири првенства на Турција, пет национални купови, еден Суперкуп на Турција и беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на неодамна завршеното финалето на турскиот плејоф.
Тој потпиша двегодишен договор со Далас вреден 6 милиони долари.
Welcome to Dallas, Tarik! 🤠 #MFFL pic.twitter.com/NhohwGQrQI
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) July 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
