Таткото на Нурмагомедов итно хоспитализиран: Заболен од коронавирус!?

Абдулманап Нурмагомедов, таткото на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, заврши во болница поради тешко запалание на белите дробови, информираат руските медиуми. Во моментов се испитува дали е позитивен на коронавирус.

„Тој е мој добар пријател. Изминативе денови постојано се гледавме, но сега е хоспитализиран. Се надевам дека не коронавирусот, иако симптомите се многу слични“ – изјави рускиот новинар Рамазан Рабаданов, притоа дополнувајќи:

„Тој се наоѓа во болница во Махачкала. Не сакаше ниту да биде хоспитализиран, но неговите браќа го убедија. Короната се уште не е потврдена, но никој не смее да го посети. Се разболеа и голем број УФЦ борци кои беа во контакт со него изминативе денови“.

Хабиб Нурмагомедов, пак, не сакаше да ја коментира оваа информација истакнувајќи дека јавноста ќе биде за се информирана.

Се вчитува...