Тажен крај за Линдзи Вон, падна на супервелеслаломот во Оре (ВИДЕО)

Скијачката со најголеми број победи во светскиот куп во алпско скијање, една од најуспешните во историјата на овој спорт, американската ѕвезда, Линдзи Вон не успеа да ја заврши супервелеслаломската трка која го отври Светското алпско првнество во Оре. Вон зафати една од капиите и потоа излета од патеката удирајќи во заштитната ограда.

Првично падот изгледаше страшно, но Вон застана на нозе и мина низ целта бурно поздравена од публиката. За Американката светското првенство во Оре е крај на кариерата, неизвесно е сега дали и воопшто ќе се поајви на спуст трката закажана за в недела.

Се вчитува...