Тажна вест ја потресе денеска фудбалска Македонија. Почина Јовица Илиевски, актуелниот градоналник на Брвеница и долгодишен член на фудбалската репрезентација на Македонија.
Илиевски почина неочекувано на 58-годишна возраст во момент кога низ актуелниот период повторно беше активиран како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација.
Илиевски долги години беше близок соработник на поранешниот македонски селектор Благоја Милевски, со кого првпат работеше уште во периодот на младата репрезентација и настапите на ЕП 2017 година. Потоа беше член на стручниот штаб на Милевски и во сениорската репрезентација.
И од Фудбалската федерацијата на Македонија се збогуваа со својот долгогодишен член и истакнат соработник.
“Златен човек. Во времиња кога сите сакаат да бидат забележани, тој избра да биде корисен. Златен човек. Јовица Илиевски, дел од едно важно поглавје на македонската репрезентација“ – напишаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
