Тебас: Немав намера да го нападнам Винициус

Претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека немал намера да го нападне играчот на Реал Мадрид, Винициус Јуниор на социјалните мрежи, откако бразилскиот репрезентативец беше расно малтретиран на натпреварот против Валенсија.

Во неделата на 21. мај Реал Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Валенсија, а Винициус повторно беше мета на расистички навреди.

Винициус и Тебас се судрија на Твитер откако напаѓачот на Реал изјави дека шпанската лига, „која некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, сега им припаѓа на расистите“ и дека Шпанија сега се смета за расистичка земја во Бразил.

Претседателот на лигата го критикуваше поради нападот на Лигата, но сега вели дека немал намера да го нападне и му се извини.

„Не сакав да го нападнам Винициус, но ако луѓето тоа го разбираат така, тогаш морам да се извинам. Тоа не ми беше намерата, далеку од тоа. Се обидував да ја разјаснам ситуацијата и да ја објаснам“, рече Тебас.

Се вчитува...