Технички проблем на авионот: Фудбалерите полетаа, па веднаш се вратија во Истанбул

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска треба да се врати назад од Истанбул во Скопје по вчерашниот пријателски натпревар со Турција, но нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул.

Според првичните информации, станува збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување.

Планот останува македонската експедиција денеска да се врати назад во Скопје, но останува да се види кога ќе се создадат услови за такво нешто.

Се вчитува...