Поранешниот кошаркар на Бостон, Џејлен Браун, се пресели во Филаделфија, објави денес ESPN. За возврат, Селтиксите го добија Пол Џорџ, два пика од првата рунда и два пика од втората рунда на НБА драфтот од „Севентисиксерс“.
Пиковите од првата рунда се од драфтовите 2028 и 2031 година, додека пиковите од втората рунда се од драфтовите 2028 и 2030 година.
Браун беше избран од Бостон како трет пик на драфтот во 2016 година, а 29-годишниот бек имаше просек од 28,7 поени, 6,9 скока и 5,1 асистенции во текот на регуларната сезона минатата сезона, и беше избран за член на втората најдобра петорка на Американската професионална кошаркарска лига (НБА).
Во 2024 година, американскиот бек ја освои титулата шампион на НБА со Бостон, а таа година беше избран за најкорисен играч (MVP) од финалето на плејофот и како најкорисен играч од финалето на Источната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
