Темелковски си замина од Академија ФМП

Академија ФМП не успеа да ја заврши трансформацијата во Акционерско Друштво за настап во Супер-лигата, па прволигашот од Кисела Вода сезоната ќе ја доврши во плејаут натпреварувањето.

Ова придонесе да дојде до егзодус на дел од клучните играчи на ФМП, последен што си замина беше крилниот центар Славчо Темелковски, кој кариерата ја продолжува во составот на Ангели. Интерес за овој кошаркар покажа и клуб од Супер-лигата, но Темелковски се реши да се пресели во Ангели, каде сигурно ќе има далеку поголема минутажа.

Претходно, Лука Стојановски од Академија ФМП се пресели во Еуро Никел, Крстајиќ е нов член на Пелистер, додека Американецот Ајви до крајот на сезонава ќе ги брани боите на МЗТ Скопје.

Се вчитува...