Тен Хаг и Баер се супер-малери: Водство од 1-3 и играч повеќе… и пак не победија

Ерик тен Хаг сепак ќе мора да почека на првата бундеслигашка победа како предводник на Баер Леверкузен откако „фармацевтите“ попладнево ремизираа на гостувањето против Вердер (3-3), во меч што практично им беше добиен, ако се знае дека имаа водство од 1-3 и фудбалер повеќе на теренот.

Патрик Шик беше стрелец на два гола за Баер, еднаш прецизен беше новиот фудбалер Тилман, а а одбележување е дека Вердер последните трисетина минути ги одигра со фудбалер помалку по црвениот картон на Штарк во 63. минута. Огромната грешка на Флекен им овозможи на домаќините да се вратат во живот, а потоа во самиот финиш Вердер преку Кулибали во 94. минута стигна до голем бод.

На првата овосезонска победа се израдуваа и фудбалерите на Лајпциг, славејќи со 2-0 над Хајденхајм со погодоците на Баумгартнер и на Кардозо. Штутгарт во финишот го скрши отпорот на Борусија Менхенгладбах, славејќи со 1-0 со погодокот на Чема Андрес во 79. минута.

Ајнтрајт има максимални шест бода по првите две рунди откако тимот од Франкфурт полесно од очекувањата триумфираше со 1-3 на гостувањето против Хофенхајм. Доан беше најзаслужен за победата со два погодоци, еден гол постигна Узун, додека домаќините во финишот само го ублажија поразот преку Промел во 92. минута.

Резултати Германија:

Лајпциг – Хајденхајм 2-0, Хофенхајм – Ајнтрахт 1-3, Штутгарт – Борусија М. 1-0, Вердер – Баер Л. 3-3.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...