Тензии на „Местаља“, навивачите им порачаа на играчите: Нема да излезете (ВИДЕО)

Убедливиот пораз на Валенсија, за која брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, од Барселона со 0:5 и тоа на „Местаља“, ја закова екипата на последното место на табелата со само еден освоен бод по четири кола и ги налути навивачите.

Навивачите своето незадоволство го искажаа токму по натпреварот пред култниот стадион.

Околу две-три илјади навивачи на Валенсија се собраа пред стадионот и нивното незадоволство беше насочено кон играчите, тренерите, управата но и сопствениците на екипата.

Една од пораките кои лутите навивачи ја извикувале била „Нема да излезете“.

За да се смири ситуацијата, морала да интервенира полицијата и да постави безбедносен коридор.

 

 

Се вчитува...