Тео Хернандез наместо во Реал, се сели во Барселона

Барселона ќе излезе како победник од трката по Тео Хернандез, откако каталонскиот гигант излезе во преден план по неуспешниот обид на Реал Мадрид да го привлече младиот дефанзивец на „Сантијаго Бернабеу“. Станува збор за играч на Атлетико Мадрид кој игра на позајмица во Атлетико, а евентуалниот трансфер во Мадрид ќе претставуваше прекин на „пактот“ за некупување на играчи меѓу двата големи градски ривали.

Токму тоа ги искомпликува преговорите, а Барселона знаеше како да ја искористи ситуацијата и ги договори сите детали. Како што јавуваат каталонските медиуми, Барса ќе ја плати клаузулата од 24 милиони евра, а веќе се договорени и личните детали со самиот фудбалер, кој ќе потпише петгодишен договор.

Хернандез настапува на позицијата лев бек, а неговиот трансфер според многумина значи и сигурно заминување на Жорди Алба. Шпанскиот репрезентативец има многу слаба сезона, премногу често беше и ротиран од страна на Луис Енрике, па каталонците сакаат да го продадат додека има вредност на пазарот. Се очекува Барса да заработи најмалку 15 милиони евра за Алба, за чии услуги се интересира Атлетико Мадрид, но и неколку англиски премиерлигаши.

Се вчитува...