Тео Волкот по 15 години повторно со гол во дресот на Саутемптон

Во последниот натпревар од 9. коло во Премиерлигата, Вулверхемптон и Саутемптон ремизираа (1-1) во тензичен натпревар на крај со поделба на бодовите.

Погодокот за Саутемптон го запиша Тео Волкот во 58. минута од средбата, а тоа е прв гол за него во дресот на Саутемптон од 2005 година. Секако, тогаш последен пат играше за екипата во која ова лето пристигна од Евертон.

Вулверхемптон дојде до израмнување со голот на Педро Нето во 75. минута, само пет минути по влегувањето во игра.

По ова реми, Саутемптон остана на петтата позиција на табелата со 17 бода.

Се вчитува...