Српскиот кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ кој поради повреда го пропушти Светското првенство во Кина, се врати на теренот по пауза од два месеци и во првиот настап му помогна на Виртус да го урне актуелниот шампион на Италија, тимот на Венеција.
Во првото полувреме Теодосиќ беше неверојатен, имаше само едно промашување за тројка, а постигна вкупно 17 поени. Сите останати негови соиграчи заедно уфрлија 18, а Виртус губеше со 35-39.
Во самата завршница Теодосиќ повторно влезе во игра и повторно постигна клучни поени за триумф (75-70). На крајот го заврши мечот со 22 кошеви и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА