Тер Штеген оди на операција на коленото

Германскиот интернационалец Марк-Андре Тер Штеген одлучи да замине на операција на десното колено, откако Барселона на неславен начин ги заврши активностите за оваа сезона. Каталонскиот тим доживеа дебакл (2-8) од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите по што веднаш доби отказ тренерот Кике Сетиен, а допрва ќе следи и „чистка“ во играчкиот погон.

Тер Штеген е сепак меѓу „сигурните петмина“ во Барселона од целиот играчки кадар, а утре ќе замине под нож за да биде комплетно подготвен за настап на стартот на новата сезона во Ла Лига. Германецот вече подолг период чувствува тегоби во пателата на десното колено и ќе замине на операција кај д-р Рамон Кугат.

 

Се вчитува...