Теренс Крафорд испиша историја за светскиот бокс

Американецот Теренс Крафорд стана прв боксер кој ги освои сите четири главни светски појаси во велтер категорија откако со судиски прекин во деветтата рунда во Лас Вегас го победи сонародникот Ерол Спенси. Крафорд пред тоа трипати го испрати Спенси на патосот, па судијата ја прекина борбата по 2:32 минути во деветтата рунда.

Двајцата боксери досега беа непоразени, а 33-годишниот Спенси го призна првиот пораз во 29-та своја борба. 35-годишниот Крафорд, пак, дојде до 40-та победа во исто толку борби во рингот, па на ВБО круната ги додаде насловите по ВБЦ, ВБА и ИБФ верзиите. Крафорд на тој начин испиша историја за светскиот бокс како прв апсолутен светски шампион во велтер категорија во четирите најголеми боксерски федерации.

„Вечерва покажав колку сум голем“ – рече Крафорд по борбата.

Се вчитува...