Тешка повреда на најголемиот германски фудбалски талент

Баер Леверкузен претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Келн, но поголем проблем за „фармацевтите“ од загубените бодови претставува тешката повреда што ја заработи Флоријан Вирц.

Најталентираниот германски фудбалер не можеше да го доврши мечот, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото, повреда по која е јасно е дека оваа сезона е предвреме завршена за 18-годишниот суперталент.

„Флоријан е еден од најголемите таленти што германскиот фудбал ги има произведено во последните години. Затоа сите сме шокирани по тешката повреда што ја заработи. Јас веќе му испратив порака со поддршка за овој тежок период“, изјави германскиот селектор Ханси Флик.

Вирц сезонава настапи на 31 натпревар за Баер Леверкузен, притоа постигнувајќи десет гола и 14 асистенции.

Се вчитува...