Тешка повреда на Петра Влхова – со хеликоптер е пренесена во болница (ВИДЕО)

Една од најдобрите скијачки, Петра Влхова се здоби со тешка повреда за време на велеслаломската трка за Светскиот куп во Јасна. Словачката скијачка се лизна во заштитната ограда, каде што и заглави скијата, поради што го истегна скочниот зглоб.

Трката беше прекината дваесетина минути додека несреќната скијачка била имобилизирана и однесена во хеликоптерот кој ја пренел во болница.

Се вчитува...