Фудбалерот на италијанскиот шампион Јувентус, Даглас Коста утрово имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Италија, Ливорно – Сантиа.
Според информациите од италијанските медиуми, Коста самиот ја предизвикал несреќата откако со возило кое го управувал од марката Џип Чироки, под голема брзина удрил во автомобил Фиат Пунто.
Како што пишуваат Италијанците, Даглас Коста за среќа минал со полесни повреди, додека возачот на Пунтото, 47-годишен маж бил потешко повредан па итно е пренесен во најблиската клиника. Засега нема подетални информации за состојбата на возачот на Пунтото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА