Тешко и за верување, ама вистинито: ЖФК Каменица Саса загуби со 12-0 од Јувентус во првото коло од ЛШ

Девојките на ЖФК Каменица Саса очекувано загубија со неверојатни 12-0 (4-0) од гигантот Јувентус во првото коло од Групата 8 во Лигата на европските шампионки.

Каменица Саса испиша историја со натпреварот против тим како Јувентус во оваа фаза од најквалитетното европско натпреварување, на кој сепак не успеаја да му парираат на фаворитот.

Јувентус победата си ја осигура со четири гола уште во првото полувреме. Стрелци за тимот од Торино беа Карузо во 3., 12. и 76. минута, Росучи во 18. минута, Џирели во 45. минута и 56. минута, Бонансеа во 51. минута, Заманиан во 59. минута, Сташкова во 64., 84. и 90. минута и Бонфантини во 92. минута.

Во Групата 8 од Лигата на шампионките, покрај Каменица Саса и Јувентус, се и екипите на Сент Полтен од Австрија и Бешикташ од Турција.

Се вчитува...