Тетекс останува во Втората лига

Екипата на Тетекс го задржа второлигашкиот статус откако излезе како победник од денешниот бараж во кој за противник го имаше составот на Влазрими.

Тетовци одиграа импресивно славејќи со преубедливи 9-0, максимално мотивирани до самиот крај откако на паузата имаа водство од 3-0, но со уште шест гола во вториот дел ставија печат на триумфот.

Пред Тетекс, место во ПМФЛ преку баражите обезбедија и екипите на Еуромилк, Камјани и Кожуф.

Се вчитува...