Тетово ќе гради нов модерен стадион за сума од 10 милиони евра со капацитет од 12.000 седишта

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами на прес-конференција ја најави изградбата на нов модерен стадион во Тетово со капацитет од 12.000 седишта.

Касами истакна дека деновиве ќе биде објавен тендерот по кој ќе биде избран изведувачот со што веднаш ќе стартуваат активностите за изградба на стадион согласно најсовремените стандарди на УЕФА.

„Наскоро ќе го дознаеме името на изведувачот кој ќе го гради новиот стадион во Тетово. Тоа ќе биде модерен најсовремен стадион според сите стандарди на УЕФА со цел Шкендија на него да може да ги игра европските натпревари, а секако согласно сите стандарди за настапи и на репрезентацијата на Македонија“ – соопшти Касами.

Како што информираа од Град Тетово, стадионот ќе биде со модерен подтрибински простор како и ВИП простории, а вкупната сума за изградба треба да изнесува околу 10 милиони евра.

Се вчитува...