Тевез: Срамно и жално е што им прават на навивачите

Играњето на реваншот од финалето во Копа Либертадорес во Мадрид е „срамно за луѓето“, вели напаѓачот на Бока јунорс, Карлос Тевез. Дербито кое требаше да биде одиграно во Буенос Аирес минатиот месец, поради насилствата пред стадионот беше одложено, а конечната одлука е да биде одиграно в недела во Мадрид.

„Ќе биде чудно. Ова секако е премногу срамно, не за играчите туку за луѓето кои сакаа да гледаат. Ни го одзедоа сонот за финале во нашата земја. Сепак тоа е финале на Копа Либертадорес и ќе мора да се фокусираме“ – вели Тевез.

Натпреварот кој беше означен како најголемиот во 127-годишната историја на натпреварувањето се претвори во јужноамериканска сапуница, за на крајот Бока Јуниорс и Ривер Плата да мора да се соочат на европско тло.

Се вчитува...