Тежок пораз на Кливленд во реприза на минатогодишното НБА финале

Во дербито на вечерта во синоќешните мечеви од НБА лигата, Голден стејт му врати на Кливленд за неодамнешниот пораз сега славејќи со убедливи 126-91.

Томпсон постигна 26 поени за домашниот тим, 21 поен постигна Дурант а Кари имаше 20 поени и 11 асистенции. Леброн Џејмс кај Клибленд постигна 20 поени, Ирвинг имаше 17, а Шамперт – 15 поени. Кавси на овој меч од почетокот ниту еднаш не беа во предност, а Голден стејт добар дел од задачата си ја заврши во првиот период кој го доби со 37-22.

ЛА Клиперс и одржаа лекција на Оклахома, славејќи со 120-98. Вестбрук постигна 24 поени за гостите, додека Спигтс со 23 поени беше најдобар кај домашните.

Феникс на домашен терен загуби од Јута со 106-101. Добра партија за домашните имаше Бледсо со 31 поен, 9 асистенции и 9 скока, но тоа не беше доволно за победа. Гоберт кај Јута заврши со 18 поени и 17 скока.

Бостон, пак, со 108-98 триумфираше над Шарлот со 35 поени на расположениот Томас, додека Ал Хорфорд дополни со 22 поени. Кај гостите Волкер постигна 24 поени.

Се вчитува...