ТФТ го совлада Феникс 2010 и ја доби битката за Суперлига

ТФТ стигна до 12. победа во Првата кошаркарска лига откако во 19. коло славеше над Феникс 2010 со 77-68. Со овој триумф „црно-белите“ стигнаа на чекор до пласман во Суперлигата со оглед на тоа што стигнаа и до позитивна меѓусебна разлика со директниот конкурент за едно од последните места кои водат во победничката фаза.

Двата тима беа расположени во реализацијата на отварањето на средбата, а во играта „кош за кош“ ниеден тим не успеа да направи предност поголема од два напада. Феникс прв покрена иницијатива, но ТФТ ги имаше расположените Костоски и Бишоп кои не дозволија „одлепување“ на гостите, меѓутоа избраниците на Дервишевиќ сепак на крајот на првата четвртина ја задржаа предноста во свои раце (20-22) благодарение на одличниот Морган кој беше речиси непогрешлив во реализацијата под обрачот и во шутот за три поени. Сепак изедначената игра не продолжи и до крајот на првото полувреме. Изгубените топки на Феникс ги користеше ТФТ за лесни поени на спротивната страна со што го превзема водството, а домашниот тим продолжи со добриот напаѓачки ритам, но и со добра одбрана која дозволи само осум поени на противникот за 45-32 на „големиот одмор“.

Истиот избраниците на Дервишевиќ го искористија за консолидирање на своите редови па Феникс заигра на ниво на отварањето на второто полувреме. Добрата одбрана проследна со добра игра во рекетот на противникот брзо ја стопи двоцифрената разлика, а како што одминуваа минутите проработе и реализацијата од поле. ТФТ преку Костоски и Хортон ги одбиваше налетите на гостите, но завршницата на третата четвртина му припаднаа на новалијата кој стигна на негатива од само еден напад (60-59) по 30. минути игра. Феникс пропушти две шанси да ја превземе предноста на отварањето на последната четвртина по што Костоски донесе предност од 63-59 за својот тим, но гостите го имаа расположениот Трајковски кој со блок па асистенција, а потоа и офанзивен скок и поени го доведе својот тим до прва позитива во второто полувреме (63-64).

Сепак гостите не успеаја да го задржат напаѓачкиот ритам, а тоа го искористија домаќините кои со серија од 9-0 ја вратија комотната предност во своите раце (72-64). Феникс договори со агресивноста во одбраната која го поремети ритамот на избраниците на Смилковски па преку Вилијамс и Стојановски брзо беше намалена предноста (72-68), но и покрај тоа што новалијата имаше шанса за сведување на истата на еден напад, не успеа во своите обиди. Тоа знаеше да го искористи тимот од Тафталиџе па преку Костоски ја врати посакуваната предност од повеќе од пет разлика за позитива во меѓусебните дуели со Феникс 2010.

Александар Костоски со 21 поен и 6 асистенции беше прво име кај ТФТ, додека него го следеа Смит со дабл-дабл од 15 поени и 16 скока, Бишоп со 14 поени и Хортон со 11 поени и 8 скока. По 21 поен за гостите постигнаа Морган и Трајковски на кои Американецот додаде и 6 скока, додека Македонецот 13. Двоцифрен кај гостите беше и Стојановски кој на десетте поени додаде и 3 скока и 2 украдени топки.

Се вчитува...