ТФТ ќе игра како домаќин во „Т-Арена“

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје ќе има нов домашен терен во сезоната 2026/27. Клубот официјално потврди дека сите домашни натпревари во Македонската кошаркарска лига и АБА 2 лигата ќе ги игра во спортската сала „Т Арена“.

Од ТФТ Скопје ја споделија информацијата со своите навивачи, оценувајќи го овој потег како значаен чекор напред во развојот на клубот. Со преселбата на домашните натпревари во „Т Арена“, клубот сака да создаде уште подобри услови за настапите на домашната и регионалната сцена.

„Со големо задоволство објавуваме дека во сезоната 2026/27, официјален домашен терен на КК ТФТ Скопје во Македонската лига и АБА2 лигата ќе биде Спортската сала ‘Т Арена’“, соопштија од клубот.

ТФТ истакнува дека новиот дом има и посебно значење од територијален аспект, бидејќи клубот со ова уште еднаш ја потврдува својата поврзаност со општина Карпош.

„Ова е голем чекор напред за нашата организација и уште едно потврдување дека територијално, организациски и спортски – припаѓаме во Карпош“, додаваат од ТФТ.

Клубот веќе ги прецизираше и условите за функционирање во новата сезона. Малата сала во „Т Арена“ ќе биде тренинг база на тимот, додека големата сала ќе биде резервирана за официјалните домашни натпревари.

Така, навивачите на ТФТ Скопје во сезоната 2026/27 ќе имаат можност да го следат својот тим во нов амбиент, како во домашното првенство, така и во АБА 2 лигата. Клубот очекува преселбата да донесе дополнителна енергија и атмосфера на трибините, но и да биде важен дел од понатамошното градење на организацијата.

„Нашата тренинг база ќе биде малата сала, додека сите домашни натпревари во новата сезона ќе ги играме во големата сала на Т Арена. Очекуваме нова енергија, нова атмосфера и нова приказна заедно со вас. Ве чекаме на трибините!“, порачаа од клубот.

За ТФТ ова ќе биде уште една важна сезона во која клубот ќе се натпреварува на два фронта. Покрај амбициите во Македонската лига, „црно-белите“ ќе бидат дел и од регионалната АБА 2 лига, што носи дополнителен број квалитетни натпревари и предизвици.

Се вчитува...