ТФТ не признава фаворити… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Едно од најпријатните изненадување во последните години во мак-баскетот, новајлијата ТФТ игра сезона за паметење. Тимот од скопски Карпош во првата сезона меѓу „елитата“ забележа победи против фаворизираните Гостивар и Еуро Никел, а сега на оваа листа се запиша и Пелистер, кој пред гостувањето на „Кале“ не знаеше за победа.

Избраниците на Боро Смилковски одиграа одличен натпревар во кој практикуваа брза, полетна игра, го контролираа скокот и постигнуваа лесни поени во транзиција. Добрата одбрана на „црно-белите“ го сведе најдобриот поентерски тим во Првата лига со просек над 100 поени по натпревар на 80 и заслужено стигна до триумфот.

 

 

Се вчитува...