ТФТ повторно на „шопинг“ во Вардар

Екипата на ТФТ комплетираше уште еден домашен трансфер откако потпиша договор со Матеј Митревски, млад кошаркар од таборот на „црвено-црните“ кој ќе има можност да се проба и во елитното друштво.

Откако вчера го официјализираше трансферот на младинскиот репрезентативец Ѓорѓевиќ, ТФТ денеска го објави и потписот со 19-годишниот Митревски.

„Со задоволство го претставуваме Матеј Митревски, кој во ТФТ пристигнува од редовите на КК Вардар. Станува збор за 19-годишен млад и перспективен бек-шутер, кој во нашиот клуб ќе добие можност да продолжи да се развива и да го покаже својот потенцијал.

Матеј е уште еден дел од нашата определба за развој и афирмација на македонските млади кошаркари, кои ќе имаат шанса за докажување во Првата македонска лига, но и на регионалната сцена во ABA 2 лигата.

Добредојде во ТФТ, Матеј“, објави ТФТ.

Се вчитува...