Кошаркарскиот клуб ТФТ го комплетираше планот за подготовките пред почетокот на новата сезона. Официјалниот собир и првата прозивка на играчите се закажани за 17 август во арената „Борис Трајковски“, која во претстојната натпреварувачка година ќе биде домашен терен за актуелниот вицешампион во АБА 2 лигата.
Избраниците на шефот на стручниот штаб, Боро Смилковски, формата ќе ја брусат преку серија силни пријателски натпревари против квалитетни противници од регионот. Првиот сериозен тест за тимот од Тафталиџе ќе биде грчкиот гигант ПАОК, кој е закажан за 22 август.
По дуелот со солунскиот состав, кошаркарите на ТФТ ги очекуваат уште неколку силни контролни средби, каде силите ќе ги одмерат со екипите на Борац, како и со бугарските претставници Рилски Спортист и Балкан. Овие натпревари ќе бидат клучни за воигрување на тимот пред стартот на официјалните предизвици на домашната и меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
