ТФТ со пресврт триумфално против Гостивар за пробив кон водечката тројка во шампионатот

Кошаркарите на ТФТ триумфираа со 95-86 против Гостивар во 18. коло од Првата кошаркарска лига, за доближување сега на само еден бод од гостиварци и дополнителен пробив кон водечката тројка на табелата.

А натпреварот ниту најмалку не почна позитивно за домашните кои имаа негатива од шест поени веќе по првиот период од играта. Одличната игра на кошаркарите на Гостивар продолжи и во втората четвртина па на полувремето заминаа со предност од цели десет поени предност, 42-52.

Сепак, тотален пресврт во второто полувреме. Феноменална трета четвртина на домашните која ја добија со 32-19, а потоа продолжување во ист стил во финишот. Гостивар на три минути пред крајот се врати во игра доаѓајќи повторно на минус еден, но во последните минути ТФТ далеку посигурен за конечна победа од

Најдобар поединец во редовите на ТФТ беше Хортон со „дабл-дабл“ ефект од 32 поени и 15 скока, а Николов го следеше со 19 поени. Одличен беше и Костоски со 14 поени и 9 асистенции. Во тимот на Гостивар одличен беше Ворку со 21 поен, седум скока и четири асистенции, а Јанески мечот го заврши со 16 постигнати поени.

 

Се вчитува...