ТФТ во последната четвртина ги „урна штркчињата“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до триумф на гостувањето кај МЗТ 2 од 66-79 во натпревар од 15. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. „Штркчињата“ пружија силен отпор на фаворитот и триесет минути беа во „егал“ со далеку поискусниот противник.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а домаќините на пауза заминаа со минимална предност од 41-39. Третиот период продолжи во ист ритам, се играше најчесто кош за кош, а по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше 56-55. Поголемото искуство на гостите се покажа како клучно во последниот период. ТФТ одигра одлично во одбраната и на крајот успеа да го урне отпорот на „младите металци“ и на крајот да стигне до конечен триумф од 66-79.

Амир Смит со 21 поен и 15 скока беше прво име во победничкиот табор, додека Хортон заврши со 19 поени. Кај поразените Самет Јигитоглу со 17 поени беше најефикасен.

Се вчитува...