Тијаго Алкантара го пропушта и големото дерби

Тијаго Алкантара не успеа да се рехабилитира навреме за да настапи на неделното дерби меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, потврди Јирген Клоп на денешната прес-конференција. Шпанскиот плејмејкер настрада по еден брутален старт на Ричарлисон на градското дерби со Евертон, по што се уште не е способен за камбек на терените.

„Тијаго нема да може да ни помогне против Сити. Сите видовте како се повреди, станува збор за удар, не е неопходна операција, но очигледно треба да мине подолго време за целосна рехабилитација“, истакна Клоп на денешната прес-конференција.

Покрај шпанскиот репрезентативец, Клоп нема да смета ниту на Фабињо и на Окслејд Чембрлен, а добра вест за „црвените“ е враќањето на Матип и на Наби Кеита.

Се вчитува...