Тиквеш го совлада и Скопје за „шест од шест“

Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со максималниот учинок, и дојдоа до нова победа вечерва против Скопје, шеста во шестиот натпревар. Ова беше добра увертира за кавадарчани пред гостувањето во Автокоманда кај вицепрвакот Алкалоид, што ќе биде воедно и битка за лидерската позиција на табелата.

Тиквеш вечерва победи 44-32. Ефикасен меч од двете страни, во голема мера со предност за Тиквеш, која во еден момент изнесуваше и 12 разлика во вториот дел (36-24).

Најерикасен беше Шокоски со девет гола, додека Мајиќ постигна осум.

Се вчитува...