Тиквеш и Скопје остануваат прволигаши: Кавадарчани убедливи со Воска, Јаневски е херојот на Скопје (ВИДЕО)

Тиквеш и Скопје остануваат прволигаши и во следната 2022/2023 сезона откако во бараж пресметките во Струмица и во Штип славеа против Воска спорт односно струмичка Беласица. Досегашните прволигаши го демонстрираа својот квалитет сосема заслужено обезбедувајќи и натаму место во елитата.

На дуелот во Струмица, Тиквеш ја „здроби“ Воска со убедливи 4-1. Спахиу во 12. минута ги донесе кавадарчани во водство од 1-0, а веќе во 17. минута Ивановски зголеми на 2-0. Емини во 43. минута намали на 2-1.

Во второто полувреме, во 67. минута Љамчевски постигна евро-гол директно од слободен удар за 3-1, а конечните 4-1 за Тиквеш ги постави Спахиу со својот втор гол во 74. минута.

Скопје, пак, на дуелот во Штип славеше со 2-1 против Беласица. Херој за скопјани беше Филип Јаневски со двата погодоци. Првиот го постигна во 30. минута, а откако Беласица израмни со голот на Хамза Рамани, во 87. минута Јаневски погоди по вторпат за конечни 2-1 и останување во прволигашкото друштво.

 

Се вчитува...