Тиквеш продолжува да носи нови фудбалери пред крајот на преодниот рок откако кавадаречкиот клуб попладнево се појави со уште едно засилување, нигерискиот интернационалец Адешина Лукман потпиша со „црвено-белите“.
Станува збор за фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач, а кој претходно има настапувано за академијата Леал во Нигерија, како и во шампионатот на Северен Кипар, како дел од тимот на Есентепе.
„Времето работи за нас. ⏳
Добредојде, Адешина Лукман! 🔴⚪
Млад напаѓач со амбиција, енергија и потенцијал — Лукман е уште еден дел од визијата што ја градиме во Тиквеш: да препознаваме талент, да развиваме млади фудбалери и заедно да создаваме вредност за иднината.
Новиот Фудбалер e тука.
Ново поглавје. Иста цел. Иста визија.
Добредојде во Кавадарци, Лукман! ❤️🤍“, објави Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
