Тиквеш се пофали со нов трансфер откако кавадаречкиот прволигаш ги договори условите за соработка со Андрија Димески, дефанзивецот кој е член на младинската репрезентација на Македонија.
Станува збор за 21-годишен фудбаллер роден во Белград кој првите чекори ги направил во академијаа на Црвена Звезда, а во редовите на Тиквеш пристигнува од таборот на Вождовац.
„ИДНИНАТА НЕ СЕ ЧЕКА. ИДНИНАТА СЕ СОЗДАВА. ⏳
Добредојде, Андрија Димески! 🔴⚪
Младиот стопер и репрезентативец на Македонија У21 е нов член на црвено-белото семејство.
Продолжуваме со нашата визија — да веруваме во младоста, да инвестираме во потенцијалот и да ја градиме иднината на Тиквеш.
За нас, младите не се само иднината.
Тие се сегашноста во која инвестираме.
⏳ Времето е на наша страна.
Иднината е црвено-бела. 🔴⚪
Добредојде во Кавадарци, Андрија! ❤️“, објави ФК Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
