Тиквеш се засили со лев бек од Србија

Андреј Јаковљевиќ, лев бек од Србија ќе биде најновото засилување на Тиквеш за пролетниот дел од сезоната. Јаковљевиќ има 24 години, и доаѓа од тимот на Кожарска Дубица од БИХ.

Јаковљевиќ речиси целата кариера ја мина во Србија, играше во Војводина, Јавор, Кабел Нови Сад, Раднички Пирот, Борац Сакјаш и Бачка.

Тој е седмото засилување за кавадаречкиот тим по Никола Најдовски, Филип Михаљевиќ, Филип Купанов, Рушту Јонус, Арби Воша и Даниел Миловановиќ.

Се вчитува...