Тиквеш, во феноменална атмосфера во „Јасмин“, до триумф над австриски Кремс

Македонскиот претставник Тиквеш забележа убава победа против австриски Кремс од 33-29 (19-16) во првиот натпревар од втората рунда во Европскиот Куп.

Тиквеш, полетен како никогаш досега, воден од феноменалната атмосфера во салата „Јасмин“ дојде до посакуваниот триумф и покрај тоа што можеше да биде далеку поубедлив, ако се знае дека гостите постигнаа три гола во самиот финиш ублажувајќи ја негативата од седум гола која ја имаа на само три минути пред крајот.

На три минути пред крајот кавадарчани имаа предност и од 33-26, но Австријците со три едноподруго погодоци дојдоа до 33-29. Најефикасен играч на средбата беше Обина Ани кој постигна десет гола, додека Страхиња Симиќ заврши со седум погодоци. Во гостинскиот табор по пет гола постигнаа Симек, Розман, Аус и Хесечиќ.

Кавадарчани се вратија во европските натпреварувања по пауза од 13 години, откако последно во сезоната 2010/11, беа елиминиран од Азоти Пулави во тогашниот Челинџ куп.

Сега, се со убава шанса, со нова добра игра и на реваншот, да дојдат до 1/16-финале во Европскиот Куп.

Се вчитува...