„Тим е наследникот на Рафа на земја“

Вујкото на еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал, Тони, смета дека Доминик Тим е легитимен наследник на Рафа на земјена подлога.

„Тешко е да се замисли дека може да постои уште еден Рафаел Надал. Тој кој е во најдобра позиција да го замени мојот внук е Доминик Тим бидејќи има игра која може да се прилагоди на земја. Се надевам дека оваа година нема да биде таа кога ќе го замени, бидејќи сакам Рафа да освојува уште трофеи, но се надевам дека еден ден Тим ќе биде неговиот наследник“, изјави Тони Надал. 

Тим две години по ред губи во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал, а годинава загуби и од Новак Ѓоковиќ на Австралија опен.

Се вчитува...