Најдобриот австриски тенисер, Доминик Тим оцени дека учесниците на „Адриа тур“ погрешиле бидејќи биле премногу еуфорични.
„Бев шокиран кога ги слушнав вестите од „Адриа тур“. Игравме без публика доста време пред турнирот, што бевме навистина среќни бидејќи тоа ќе биде овозможено во Србија. Верувавме во корона правилата на српската влада и бевме премногу оптимистични и еуфорични. Навистина ми е жал“, напиша Тим.
Австриецот им посака на сите заразени брзо опоравување. Тим го освои турнирот во Белград, но не беше дел од „Адриа тур“ во Задар, каде позитивни на коронавирус беа Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров и Борна Чориќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА