Тина Мазе со стил се прости од скијањето (видео)

Тина Мазе и дефинитивно стави крај на својата фантастична кариера, откако словенечката скијачка настапи на денешната велеслаломска трка на домашен терен во Марибор. Словенката збогуваањето го изведе со стил, откако на половина од патеката застана за да се поздрави со својот сопруг и тренер Андреа Маси, за потоа да застане и неколку сантиметри пред самата целна линија, да ги соблече скиите и „пешки“ да влезе кон целната рамнина.

Тина Мазе во својата кариера има 26 победи на трките во Светскиот куп, го освои и Големиот Кристален глобус во 2013 година, притоа закитувајќи се со четири олимписки медали, две златни во Сочи во 2014 и две сребрени во Ванкувер четири години претходно. Покрај тоа, Мазе има и четири златни и пет сребрени одличја на светските првенства, како доказ за големината на оваа извонредна скијачка.

Zadnja utrka Tine Maze by goloviliga

Се вчитува...