Канадската пливачка Самер Мекинтош оствари уште еден неверојатен резултат откако оваа 18-годишна тинејџерка постави нов светски рекорд на 400 метри слободно.
Таа исплива фантастично на националното првенство што се одржа во Монтреал, минувајќи ја делницата за 3:54:18, со што стана прва пливачка во историјата што испливала 400 метри слободно под 3:55 минути. Досегашниот рекорд беше сопственост на Аријана Титмус од СП во Фукуока во 2023 година (3:55:38), а Мекинтош успеа да го подобри з аповеќе од една секунда.
„Знаев дека тренирав многу добро последните месеци и дека можам до нешто посебно. Сепак, не ни помислував дека времето може да биде баш вакво… навистина сум пресреќна“, изјави Канаѓанката по големото остварување.
Самер Мекинтош стигна до три златни медали на ОИ во Париз, на 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и на 400 метри мешано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА