Хабиб Нурмагомедов никако не може да ја преболи смртта на својот татко Абдулманап, кој пред неколку месеци почина во клиника во Москва губејќи ја битката со коронавирусот.
Токму поради смртта на татка си Хабиб објави дека ја завршува кариерата, со 29 победи и ниту еден пораз во професионалните борби, а УФЦ-шампионот синоќа објави и досега невидено видео од тренинзите што ги имал со Абдулманап.
„Тоа беа најдобри времиња. Татко“, напиша Хабиб Нурмагомедов крај објавеното видео на својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА