Тодоровски го продолжи договорот со Шкендија

Освен што доведе неколку засилувања, Шкендија продолжува со стратегијата на задржување на играчите во своите редови. Денеска, потпис на нов двогодишен договор стави и крилниот дефанзивец Благоја Тодоровски, кој е задоволен што ќе биде дел од Шкендија и во наредниот период.

„Се разбира дека сум задоволен од поптишувањето на новиот договор, затоа што никогаш не помислив да ја напуштам Шкендија. Среќен сум во овој тим, се чувствувам како дома, опкружен од луѓе кои ме сакаат и почитуваат и верувам дека ќе ги задоволам нивните очекувања“ – истакна Тодоровски за официјалниот сајт на Шкендија.

Тој во Македонија го носеше дресот на неколку екипи, беше член и на Динамо Букурешт, а ги брани боите на Шкендија од 2015 година и оттогаш е стандарден играч на тимот од Тетово.

Се вчитува...