Тодрик Готчер го напушта МЗТ Скопје и се сели во Грција

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на Тодрик Готчер кој по добрата полусезона во Аеродром го привлече вниманието на грчкиот состав Месолонги. Тимот кој се натпреварува во Првата лига во Грција ја отплати откупната клауза за Американецот, а само формалности го делат 27-годишниот бек од заминувања од Скопје.

Готчер за „сино-белите“ одигра три средби во домашното првенство на кои бележеше просек од 6.3 поени, 3.7 скока и 2.0 асистенции по натпревар, додека неговите бројки беа далеку подобри во АБА2 лигата каде во првиот „балон“ оствари просек од 13.5 поени, 4.3 скока, 5.8 асистенции и 1.3 украдени топки на четири одиграни средби.

„Навистина уживав во МЗТ Скопје каде изградив одлична врска со моите соиграчи и тренери. Научив многу од овие момци и им посакувам само успех во иднина. Ќе продолжам да ги следам нивните настапи“ – изјави за ЕКИПА, Тодрик Готчер.

Раководството на клубот од Аеродром е во потрага по нов кошаркар кој ќе ги задоволи критерумите, а со оглед на тоа дека следи пауза за „сино-белите“ истата ќе биде искористена за воигрување на новиот играч.

Се вчитува...