Том Брејди ги прекрши мерките за самоизолација

Најтрофејниот квотербек во историјата на НФЛ, Том Брејди, не ги почитувал мерките за превенција против коронавирусот. Тој во моментов живее во Тампа, откако пред некоја седмица по 20 години ги напушти Њу Ингланд Петриотс и потпиша за Баканерс. Славниот квотербек и покрај забраната го посетил локалниот парк каде што вежбал.

Брејди досега во кариерата освои шест прстени што е рекорд за еден играч во НФЛ, а во Тампа Беј ќе се обиде да стигне и до седмиот. Тој со клубот потпиша двегодишен договор по кој се очекува да ја заврши богатата кариера. Веста која ги разбранува САД е и таа дека во Тампа Беј стигна и Роб Гронковски кој по една година пауза се враќа во НФЛ, а токму со Том Брејди беа незапирливи во Њу Ингланд.

Се вчитува...