Том Брејди потпиша за Тампа Беј (ФОТО)

Шесткратниот освојвач на Супер-боул трофејот, Том Брејди потпиша за Тампа Беј. Еден од најдобрите квотербекови во историјата ја заврши 20-годишната одисеја во Њу Ингланд Петриотс со кои ги освои сите титули и признанија и реши на 42 години да ја смени средината.

„Возбуден, скромен и гладен“. Почнувам ново фудбалско патување и благодарен сум им на Тампа Беј што ми ја дадоа можноста да го правам она што го сакам“ – напиша Брејди на социјалните мрежи во објавата на новиот договор.

Брејди стана слободен агент за првпат и во понедленикот почна да преговара со заинтересираните тимови пред во средата да му почне перидот за слободно потпишување договори. Тој има девет настапи на Супер-боулот, а титулите ги освојуваше во 2002, 2004, 2005, 2015, 2017 и во 2019. Пред да потпишат со Брејди во 2000 година, Петриотс немаа Супер-боул трофеј. Сега имаат рекордни шест и се израменти со Питсбург Стилерс.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...