Томас Милер го постигна најсмешниот гол во кариерата и тоа во својата мрежа (ВИДЕО)

Баерн Минхен има реми на полувреме против Баер Леверкузен (1-1) во дербито на 25. коло во германската Бундеслига. Водство за домаќините донесе Никлас Суле во 18. минута, а гостите израмнија на неверојатен начин во 36. минута со автоголот на Томас Милер.

Милер е фудбалер кој во кариерата на милион различни понекогаш и смешни начини знаел да постигне гол, но дефинитивно овој во мрежата на својот голман Улрих вечно ќе се памети. Тој реагираше како „врвен стрелец“ со клизач во својот шеснаесетник со што го измами голманот на Баварците.

 

Се вчитува...