Томовски со нова одлична партија во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со извонредните партии во Бундеслигата.

По феноменалниот меч против Магдебург кога запиша дури 18 одбрани, Томовски сега беше еден од најзаслужените за победата на Потсдам пред своите навивачи против Штутгарт од 28-25 во 22. коло од германскиот шампионат.

Македонскиот голман сега имаше десет одбрани, од кои две од седум метри, издвојувајќи се како еден од најдобрите поединци во тимот.

Се вчитува...