Тони Крос откри зошто Бејл се однесува на тој начин: Се почна минатото лето…

Германскиот репрезентативец Тони Крос се одлучи да зборува за проблемите на Герет Бејл со Реал Мадрид.

Бејл се однесува крајно иритантно последниот период, сериозно нервирајќи ги и навивачите и сите во клубот. Крос, за првпат, отворено зборува зошто Велшанецот се однесува на тој начин.

„Јасно е дека целата ситуација е лоша и за Реал и за сите. Мислам дека Герет се уште е лут поради тоа што се случи минатото лето. Сакаше да замине од клубот и доби сигнал дека тоа ќе се случи, а потоа во 5 до 12 имаше целосен пресврт на ситуацијата и не му дозволија да замине. Тогаш му беше навистина тешко. Од тогаш не го чувствува овој клуб за свој, се чувствува изневерен и изигран“ – вели Крос.

Но, како контраодговор на сето тоа, Бејл од тој момент се одлучил да го почитува договорот со Реал до крај нагласувајќи дека сега ни по никоја цена нема да замине од клубот, што беше потврдено и од неговиот менаџер.

Минатото лето, како што е познато, требаше да се пресели во кинески Џиангсу. Се беше договорено, но Реал Мадрид во последен час се откажа од договорот.

Се вчитува...